Боја на безвремето е роман на Гордана Јовиќ-Стојковска, кој е објавен 1996 година, во издание на Оздавачка куќа Штрк.

Содржина

Романот Боја на безвремето содржи три основни целини: Кула, Името на Скарлет и Центар на светотГордана Стојковска Боја на безвремето, Штрк, Скопје, 1996, ISBN 9989-662-08-8.

Дејствието на романот се одвива во неколкучасовно чекање на граничен премин Табанавце, каде што раскажувач(ка)от, во налудничава гужва на шверцери и слични секојдневни слики на она време на распадот на една и формирање на повеќе држави, чека да премине како би ја погребал својата мајка, личност именувана Скарлет.

Романот содржи повеќе целини, од минато, од идно, мо и од времето пред реалноста. Станува збор за градење на Бабилонската кула, неразбирање, губење емпатија и потпол крах. Споредбата е евидентна со распадот на Југославија, со распад на системските вредности, разоткривање мани, прикази на лицемерја и подемот на марлетиншки трикови во служба на моќта и трагедија на еден (по избор на раскажувачот, народите на бившата држава ги орисвојува како еден, сопствен) народ.

Ликови

Скарлет е мајка, името и го наметнува раскажувач(ка)от, уште во раните години кога делумно го сфаќа идентитетскиот проблем на мајката, но и во склад со периодот на шеесеттите години на минатиот век, кога филмот имал исклучителна моќ за влијание врз луѓето. Ликот на мајката (Скарлет) ја симболизира државата; таа како мало дете вила најдена на едно воено поприште на гради на мртвата мајка, некаде во босанските планини, ја спасил партизански воин, кој по војната ја пронашил и презел грижа за неа.

Скарлет е класичен агностик, лик со крајна правдољубивост и непокорност, навидум површна, длабоко филозофски образована, но апсолутно способна да се трансформише во она што посакува, или смета дека треба да биде. Се во нејзиниот живот е само фрагмент, самата таа е фрагмент сочинет од личен избор на верувања, на избори, на потреби.

Нејзината орерана смрт, прерана старост е уште една слика на распад на држава која всушност и е нејзиниот идентитет, нејзиното потекло.

Раскажувач(ка)от, е потомак на Скарлет, градител на нејзиниот лик, ловец на туѓите приказни, носител на трагедијата на едно време које се циклично враќа и возвраќа бесмислен удар на цел „еден народ“ замислен да биде приближен на совршенство, паднат во бездна како олицетворение на хаосот, на празнилом на големо ништо. Дедото, партизан што ја пронашол и засолнил Скарлет, осамен лик кој светлината ја наоѓа во постојано судирање со посвоената ќерка, во поинакво воспитување на нејзиното дете, во очувување на људските вредности. Униформата, синегдошки лик на новосоздадената категорија на службеник, орган на власта, моќник. Лик што го ислажува она што доаѓа, ликови без вистинска човечка, духовна, образовна вредност. Ликоови кои растат и се множат во хаосот, заземаат позиции, воспоставуваат (не)ред како смисла на својата моќ.

Преводи Романот Боја на безвремето е преведен на српски, бугарски и руски (во Белорусија). Поемата Мостување е објавена на сроски и англиски јазик, а книжени дела од авторката се преведени и на руски, турски и италијански.

Други дела на авторот

Дела

Романи

… - фрагментарни роман, Култура, Скопје 1994; Боја на безвремето – роман, Штрк, Скопје1996; Последниот таласон – роман, Три, Скопје2003; Тајна на тринаесеттиот знак – роман, Три, Скопје 2006; Очи пуне чипке – роман, УСЗМ, Скопје 2008; Ѕидање на сонцето - роман, 2011.

Раскази“''

Сонкобија –раскази, Студентски збор, Скопје 1991;Поезија Noctambulissmus – поезија, Куманово1988; Помеѓу – поезија, Студентски збор, Скопје 1990; Мостување – поема, Нушиќ, Скопје1999;Речници'''

Речник на јужнословенска митологија, Три, Скопје 2004; Српско -македонскиот речник, Слово љубве, Скопје, 2014.

Наводи

Категорија:Македонски романи Категорија:Македонски дела од 1996 година Категорија:Појавено во 1996 година во Македонија