Писан Камен — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од железно време.
Се наоѓа на околу 3,5 км југоисточно од селото, десно покрај Јаоречка Река и на околу 300 м јужно од наоѓалиштето Пештера Јаорец. Претпоставката за присуство на некропола е дадена врз основа на еден случаен наод златна спирална белезица со завршоци во облик на змиски глави, најдена од жител на селото Брежани.
Поврзано Пештера Јаорец — блиска пештера, засолниште на ловци од палеолитот Селиште Јаорец — блиско наоѓалиште, населба од развиениот и доцниот среден век Список на археолошки наоѓалишта во Охридско
Наводи