Петте Дабје — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува некропола од римско и доцноантичко време.

Се наоѓа на околу 1 км југоисточно од селото, лево од меѓуселскиот пат Велмеј-Брежани, на простор кој образува блага падина, а целиот претворен во обработливи ниви и лозја. Во нивата на Соте Галабоски при орањето се откриени повеќе археолошки предмети (железни ножеви, делови од узди, белезици, бронзени обетки, стаклени садови и керамички фрагменти) кои припаѓале на некропола која постоела мошне долго време.

Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско

Наводи