Ротенбург на Виме (познат и како Ротенбург (Виме); или Rotenburg (Wümme); ) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Виме, близу средиштето на триаголникот создаден од реките Везер и Елба и на подеднаква одделеченост од градовите Хамбург, Бремен и Хановер.

Географија Местоположба

мини|300п|лево|Реката Виме низ Ротенбург

Ротенбург се наоѓа во областа Штадер Гест, на вливот на три реки Виме, Видау и Родау.

Историја

Градот бил основан во 1195 година, кога архиепископот Рудолф I од Ферден изградил замок во областа. Тогаш, градот припаѓал на Архиепископијата Ферден, која била основана во 1180 година. Замокот го добил своето име од боите на тулите (рот што значи „црвен“ и бург што значи „замок“). Блиската населба останала мало село до век.

Во 1648 година, Архиепископијата станала Кнежевство Ферден, кое првин било владеен со личен сојуз од Шведска, прекинато со данската окупација од 1712 до 1715 година. Оттогаш било владеено од Хановерската династија.

Шведски период

По Триесетгодишната војна, владеењето на епископите на Ферден завршило и Ротенбург станал дел од секуларизираното Војводство Ферден под шведска власт. Во овој период, новите владетели го изградиле замокот со остатоците од претходниот во современа тврдина како испостава за заштита на главната тврдина во Штаде. Оваа обнова предизвикала западниот дел на градот да биде срушен, поради што главното средиште на населбата се поместила на исток. Дури и парохиската црква морала да биде срушена и да биде преместена на денешното место.

Во Шведско-бранденбуршката војна од 1675 до 1676 година, градот бил освоен од сојузот на Данска и неколку држави од Светото Римско Царство и останал во нивни раце до крајот на војната во 1679 година. Со Сенжерменскиот мир во 1679 година, градот бил вратен на Шведска.

Тврдината останала во употреба до околу 1680 година. Потоа почнала да пропаѓа и градбата била срушена, единствено нејзините бедеми биле поправени на некои места. По 1843 година, последните делови биле срушени. Денес, на тоа место се наоѓа стариот историски музеј. Во периодот помеѓу 1626 и 1835 се случиле седум градски пожари, кои уништиле значаен дел од градот. Шведската власт траела додека градот не бил освоен од Данска во 1712 година.

Подоцнежна историја

Кралството Хановер го припоило кнежевството во вистински сојуз; територијата на кнежевството, вклучувајќи го Ротенбург, станал дел од областа Штаде, основана во 1823 година. Во 1866 година, Прусија ја анектирала територијата од Хановер. Како последица на тоа, Ротенбург бил преименуван во Ротенбург во Хановер.

Во мај 1969 година, градските и окружните власти го промениле името во Ротенбург на Виме.

Политика Градски совет

мини|300п|десно|Окружното седиште во Ротенбург

Градскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 10. Januar 2014. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:Vorläufiges Ergebnis der Gemeindewahl 2016. auf den Seiten der Stadt Rotenburg (http://www.rotenburg-wuemme.de), 9. August 2017.

Партија / Листа МестаCDU 12SPD 11Сојуз 90/Зелени 5AfD 2*Изборна иницијатива Ротенбург (WIR) 2Слободни гласачи Долна Саксонија 1FDP 1 * формално две места, технички само едно, бидејќи едното е непополнето

Градоначалник

Градоначалникот на градот Ротенбург (Виме) е Андреас Вебер (SPD).

Збратимени градови

Винзен е збратимен со следниве градови:

Алтер, Белгија

Со другите истоимени градови Ротенбург одржува тесни врски: Ротенбург над Таубер, Германија Ротенбург на Фулда, Германија Ротенбург (Горна Лужица), Германија Ротенбург (Саксонија-Анхалт), Германија Ротенбург (Луцерн), Швајцарија Червињск, Полска („Ротенбург на Одра“)

Знаменитости

Градската црква (Stadtkirche), лутеранска црква изградена помеѓу 1860 и 1862 со ѕвона од век Воен споменик за Првата светска војна во чест на мештаните од Ротенбург кои загинале во војната Фахверк градби во улиците Гете и Гросе Локален музеј за историја Фонтаната на Новиот плоштад

Познати луѓе

Матијас Шерц (р. 1971) — фудбалер Ахмет Куру (р. 1982) — турски фудбалер Димитри Петерс (р. 1984) — џудист Филип Цвинер (р. 1985) — кошаркар Јанис Бекер (р. 1991) — фудбалер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Ротенбург (округ)