Авлија — археолошко наоѓалиште во кочанското село Ново Селани. Претставува населба од доцната антика и старо-христијанска црква. На источната периферија на селото, на простор од 300 × 300 м, на површината на селските ниви има фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На источниот крај на наоѓалиштето се гледаат темели од голема старохристијанска црква. До неа е пронајдено стебло од столб од камен со должина од 1,5 м и пречник од 0,50 м.

Поврзано

Ново Селани; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи