Селиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Полаки. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. На 1 км северно од маалото Долги Дол се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Според добиените податоци биле откриени повеќе гробови.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 181, ISBN 9789989101069

Поврзано

Полаки; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи