Страишта — археолошко наоѓалиште во охридското село Злести, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од железното време.

Се наоѓа на околу 700 м северозападно од селото. Претставува издолжен рид во положба северозапад-југоисток, со надморска височина од 894 м. На врвот е зарамнет, а околу зарамнетото плато се забележуваат остатоци од сувоѕидица со ширина од 1,80 м која образува елипсовидно утврдување. По површината има фрагменти од праисториски керамички садови.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско

Наводи