Кале — археолошко наоѓалиште во скопското село Црн Врв, Општина Студеничани. Претставува градиште (кастел) и збег од доцноантичкото време.

На 2 км југоисточно од селото, високо во масивот Караџица, на зарамнет врв кој зафаќа површина од 60 × 300 м, на кота од 1.800 м се гледаат зачувани остатоци од темели на одбранбен бедем, а во внатрешноста на градиштето темели од градби и многуброен градежен материјал.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи