Влакно — археолошко наоѓалиште во неготинското село Курија. Претставува населба од неолитот и бронзеното време.

На оддалеченост од 1 км јужно од селото, на десниот брег на Куријачка Река има рид со доминантна положба. На неговата западна падина, која благо се спушта кон коритото на реката, при изградбата на далноводот се најдени остатоци од двослојна праисториска населба. На површината има фрагменти од керамички садови со црна и црвена монохромна боја, орнаменти изведени во импресотехника, како и орудија од камен и кремен.

Наодите се чуваат во Музејот во Неготино.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско

Наводи