thumb|Жолчка опкружена со белка Жолчка или жолток – густа жолта материја во внатрешниот дел од јајцето, опкружена со белка. Овој дел од јајцето што служи за хранење на ембрионот во развој. Жолчката виси слободно на белката од јајцето, закачена на две спирални нишки од ткиво.

Пред оплодување, жолчката и бластодискот се една клетка, еден од ретките примери каде клетка може да се види со голо око.

Состав на жолчката во кокошкино јајце

Жолчката сочинува околу 33% од течната тежина на јајцето; содржи околу 60 kcal, трипати повеќе од енергетската содржина на белката на јајцето, најмногу поради неговата содржина на маснотии.

Сите витамини растворливи во масти (А, Д, Е и К) се наоѓаат во жолчката од јајцето. Жолчката од јајцето е една од ретките намирници кои природно содржат витамин Д.

Наводи

Категорија:Биологија Категорија:Храна