мини|Лого на Шкотската национална партија Шкотска национална партија (на , на , на ) — политичка партија во Обединетото Кралство. Партијата поддржува и води кампањи за независност на Шкотска од Обединетото Кралство и членство на независна Шкотска во Европската унија, преку политичка платформа заснована на граѓански национализам. Шкотската национална партија е трета најголема политичка партија според членство во Обединетото Кралство, зад Лабуристичката партија и Конзервативната партија. Таа е најголемата политичка партија во Шкотска, поседувајќи најмногу места во Шкотскиот парламент и 47 од 59 шкотски места во Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство. Актуелниот лидер на партијата Никола Стерџен е прв министер на Шкотска од 2014 година.

Партијата е создадена во 1934 година преку спојувањето на Националната партија на Шкотска и Шкотската партија.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Политика на Шкотска Категорија:Социјалдемократски партии