Елизабет Розмонд Тејлор (; 27 февруари 1932 - 23 март 2011) — култна англиско-американска актерка, добитничка на два оскари за најдобра глумица.

Своевремено, Тејлор била една од најубавите филмски глумици. Една нејзина чудна одлика биле нејзините очи кои се опишувале како виолетови, при што, оваа аномалија претставувала нејзин "заштитен знак".. Позната по своите глумечки способности и иконска убавина, како и по нејзиниот екстравагантен животен стил, исполнет со долга низа бракови и разводи (собено е познат нејзиниот брак со глумецот Ричард Бартон), Тејлор се смета за една од најголемите глумици во Златната филмска ера, како и една од филмските ѕвезди кои можат да се пофалат со титулата "поголеми од животот".

Нејзината голема популарност продолжила и по смртта. така, според американското списание "Форбс", во 2011 година, Тејлор била прва на списокот на починати ѕвезди со најголема заработувачка, со заработка од 210 милиони долари, остварени од продажбата на нејзиниот накит, костуми, уметнички дела и нејзиниот парфем "вајт дајмондс" (white diamonds)."Елизабет Тејлор - почината ѕвезда со најголема заработувачка", Дневник, година XVI, број 4 998, петок, 26 октомври 2012, стр. 32.

Американскиот филмски институт ја сместил Тејлор на седмото место на својата список на најголеми филмски ѕвезди во историјата.

Филмографија Место под сонцето (1951) Љубовта е подобра од кога и да било (1952) Последниот пат кога го видов Париз (1954) Џин (1956) Мачка на жешкиот лимен покрив (1958) Наеднаш, минатото лето (1959)

Наводи

Надворешни врски

Elizabeth Taylor Fan - Најнови вести, колкција на слики (повеќе од 13,000), мултимедија, изјави за новинарите, форум, итн. Елизабет Тејлор - Опширна биографија, информации за секој филм, архива на вести, фотографии, итн. Elizabeth Taylor Aids Foundation (ETAF) - Фондацијата на Елизабет Тејлор за борба против сидата

Категорија:Оскаровци Категорија:Американски глумици Категорија:Англиски глумици Категорија:Носители на Легијата на честа Категорија:Дами-заповеднички на Редот на Британската Империја Категорија:Британски Евреи Категорија:Починати во 2011 година Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Добитници на Златен глобус