Снежана Стамеска (Скопје, - Скопје, ) – македонска филмска и театарска глумица. Член на Драмски театар – Скопје од 1971 до нејзиното пензионирање во 2010 година.
Животопис Снежана Стамеска е родена во Скопје на 1 јануари 1946 година. Дипломирала на Театарската академија во Белград (1970) и веднаш по дипломирањето е вработена во Драмскиот театар – Скопје, каде одиграла 70-тина улоги.
Починала на 8 септември 2024 година во Скопје, на 78-годишна возраст.
Творештво Во својот глумечки живот остварила бројни и забележителни театарски и филмски улоги.
Театарски претстави Косара — Владимир и Косара од Стеван Таневски, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1971; Црна комедија од Питер Шефер, р. Васил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1971; Злата — Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1972; Анѓа — Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Љупчо Тозија, Драмски театар - Скопје 1973; Марија — Војцек од Георг Бихнер, р. Борко Зафировски, Драмски театар - Скопје 1973; Арманда — Учени жени од Жан Батист Поклер Молиер, р. Мата Милошевиќ, Драмски театар - Скопје 1973; Рут — Дејство на гама зраците врз сенишните невени од Пол Зиндел, р. Наум Пановски, Драмски театар - Скопје 1973; Цена — Јане Задрогаз од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1974; Изабелита — Достага на самиот врв од Коле Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1975; Лица — Ослободување на Скопје од Душко Јовановиќ, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1978; Пандора — Солунски патрдии од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1979; Вера — Диво месо од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1979; Расел — Васа Женезнова од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров, Драмски театар - Скопје 1980; Свршеничката — Крвави свадби од Федерико Гарсија Горки, р. Крум Стојанов, Драмски театар - Скопје 1981; Магда — Преспански круг со црвена боја од Миле Неделкоски, р. Владимир Милчин, Драмски театар - Скопје 1983; Јадигар од Васе Манчев, р. Борко Зафировски, Драмски театар - Скопје 1983; Умна глава од Оливера Николова, р. Кирил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1983; Вера — Среќна нова '49 од Гордан Михиќ, р. Слободан Унковски, Македонски народен театар 1985; Паца — Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985; Зоја — Зојкиниот стан од Михаил Афанасиевиќ Булгаков, р. Стојан Стојановски, Драмски театар - Скопје 1986; Мица — Сили во воздухот од Небојша Рончевиќ, р. Јовица Павиќ, Драмски театар - Скопје 1988; Мери — Во долго патување во ноќна од Јуѓин Онил, р. Патриша Хамарстром, Драмски театар - Скопје 1988; Нада — Шуаби Ап од Жалина Мирчевски, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1989; Девојка - Балканот од Жан Жене, р. Ивица Кунчевиќ, Драмски театар - Скопје 1991; Мајката — Чернодрински се враќа дома од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1992; Деде Ченс — Дамите од Аламо од Пол Зиндел, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1993; Берберот - Прости дарови од Карма Ибзен, р. Карма Ибзен, Драмски театар - Скопје 1993; Дон Јул — Дон Жаун од Жан Батист Поклен Молиер, р. Ненад Стојановски, Драмски театар - Скопје 1994; Филомена — Кумови од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1995; Кејт — Игранка во времето на Лунаса од Брајан Фрип, р. Александра Ковачевиќ, Драмски театар - Скопје 1995; Мег — Злостори на срцето од Бен Хенли, р. Карма Абзен, Драмски театар - Скопје 1995; Сиен — Убиј ме душичке од Несин Азис, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1997; Марчелина — Свадбата на Фигаро од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1998; Ана Петровна Војничева — Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999; Мефисто од Клаус Ман, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2000; Баба — Војцек од Геирг Бихнер, р. Бора Драшковиќ, Драмски театар - Скопје 2002; Бернарда — Домот на Бернарда Алба од Федерико Гарсија Лорка, р. Горчин Стојанович, Драмски театар - Скопје 2004; Шарлота — Дон Жаун од Александар Поповски, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2005; Султана — Лет во место од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 2005.
Филмографија Година Филм Улога 1968 Сопствениците на клучеви ТВ-филм Ќерка на полковникот 1968 Нешто темно и тешко ТВ-филм / 1969 Враќање од рајот ТВ-филм Ванда 1969 Волшебниот воз ТВ мини серија / 1969 Малва ТВ-филм / 1970 Коктел за четворица ТВ-филм / 1970 Александра ТВ-филм / 1971 Жед ТВ-филм Емица 1973 Залез зад езерската земја ТВ-серија Аска 1973 Кукла ТВ-филм / 1973 Луѓе и птици ТВ-филм 1975 Парадоксот на Диоген ТВ-филм Инж. Борика Корда 1975 Картотека ТВ-филм / 1977 Итар Пејо ТВ-серија Митра 1977 Нели ти реков ТВ-филм / 1979 Жена од малтер ТВ-филм Стојна 1980 Учителот ТВ-филм / 1980 Двојка ТВ-филм Цвета 1983 Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм Ленка 1984 Нели ти реков / 1984 Комедијанти ТВ-серија Примадоната 1984 Белото Циганче ТВ-серија Аза 1984 Диво месо филм / 1985 На наш начин ТВ-серија / 1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Сара 1986 Солунски патрдии ТВ серија Пандора 1987 За трошка среќа ТВ-филм Рајна 1987 Пикасо ТВ-филм / 1987 1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Шина 1987-1990 Чук, чук Стојанче ТВ-серија 1992 Сили во воздухот ТВ-филм Мица 1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм Мица 1995 Во светот на бајките ТВ-серија / 1998 Македонски народни приказни ТВ-серија 2000 Големи и мали ТВ-серија Марта 2000 Глас Краток филм / 2002 Наше маало ТВ-серија 2005 Бајколенд ТВ-серија Бабата 2005 Сашо и Сашка ТВ-серија 2006 Нави ТВ-филм Нави 2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија Милица 2011-2013 Македонски народни приказни ТВ-серија 2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Помошник 2014 До балчак ТВ-филм Селанка на станица 2014-2015 Македонски приказни ТВ-серија 2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Лица
Награди 1979 Златен венец за најдобра улога на МЕСС за Лица во "Ослободување на Скопје" 1980 Артст на годината според анкетата на "Екран" за улогата Пандора во претставата "Солунски патрдии" 1985 Награда за улогата на "Вера" во претставата "Среќна Нова '49" на театарските игри "Војдан Чернодрински" во Прилеп 1986 Артист на годината според анкетата не "Екран" за улогата Зоја 1989 Стериина награда за улогата на Мица во "Сили во воздухот" 2000 Прогласена за глумец на годината според списанието "Екран" за улогата за Војницива во "Платонов" 2002 Награда "11-октомври" за 30 годишна плодна глумечка дејност и особено сначајни остварување на полето на уметноста од особен интерес на Република Македонија 2005 Награда Климент Охридски за повеќе годишна успешна творечка работа 2014 Награда за животно дело Војдан Чернодрински
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци