Бара — историско село во Скопско, денес на територијата на Општина Арачиново.

Географија и местоположба Селото било сместено на северните падини на Скопска Црна Гора, денес во атарот на с. Мојанци. Местото лежи на надморска височина од 784 м недалеку од атарската граница со с. Никуштак во кумановската Општина Липково.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 30 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 92 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 198 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бара имала 120 жители, сите Арнаути муслимани.

Во 1913 година, селото биле заведено како напуштено. Било дел од Општина Брњарци.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Баре (Bare) како албанско село.Jena, Leonhard Schultze. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Мојанци (Скопско)