мини|Графички приказ на подредени парови (a, b) кои претставуваат катети на правоаголен триаголник. Питагорина тројка – подредена тројка природни броеви a, b, и c за кои важи равенката a2 + b2 = c2. Броевите за кои важи дадениот однос обично се запишува во облик (a, b, c). Еден од најстарите познати примери е тројката (3, 4, 5), која може да се најде во оставината на древните Вавилонци и Египќани.

Доколку (a, b, c) е Питагорина тројка, тогаш тоа е и секоја тројка во облик (ka, kb, kc) каде k е произволен природен број. Основна Питагорина тројка е тројка во која броевите a, b и c се заемно прости.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Питагорина тројка на mathworld.wolfram.com Особини на Питагорините тројки и поврзаност со геометријата Питагорини тројки Особини на Питагорините тројки, интерактивен калкулатор, задачи и проблеми Интерактивен калкулатор на Питагорини тројки Инваријантни пресликувања на Питагорините тројки Питагорини тројки и Фибоначиева низа

Категорија:Геометрија Категорија:Диофантски равенки Категорија:Теорија на броевите