Во Селото — археолошко наоѓалиште во кочанското село Соколарци. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Речиси во сите дворови на селските куќи се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Во дворот на училиштето биле откопани повеќе од 30 гробови градени од камени плочи. Во некои од гробовите имало монети од III-VI век кои не се зачувани.

Поврзано

Соколарци; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи