Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бели. Претставува градиште од доцноантичко време. На 2 км северно од селото се издига висока чука на чиј врв има зарамнето плато со димензии од 220 × 100 м. Од заштитниот бедем се зачувани само делови од темелот, граден од камен и варов малтер. Во внатрешноста на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, питоси и покривни ќерамиди. Биле најдени и повеќе монети од III-IV век.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 173, ISBN 9789989101069

Поврзано

Бели; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи