Регионален пат 1311 (ознака: Р1311) — регионален пат во Македонија, со насока на движење запад-исток. Има вкупна должина од 50,1 километар и 5 делници. Патот започнува во градот Битола и се движи преку Новаци кон Битолско Мариово, односно патот завршува во селото Старавина.

Делници

Регионалниот пат 1311 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 5 различни делници.

+Протегање на регионалниот пат Делница ПочетокКрајПотег (км) — врска со 0,01395Битола (Црква „Св. Недела“)Новаци0,0 - 9,31396НовациМаково9,3 - 30,21397МаковоРапеш (Брник)30,2 - 34,71398Рапеш (Брник)Старавина34,7 - 48,1 — врска со 48,1

Како посебен крак на овој регионален пат влегува делницата 1399 до Мариовскиот манастир во должина од 2.018 метри, со што вкупната должина на Р1311 е 50,1 километри.

Поврзано Регионални патишта во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Регионални патишта во Македонија