мини|десно|280п|Виртемберг во периодот од 1810 до 1945 г.

Виртемберг () — историско-географска област во Германија која приближно се совпаѓа со културно-јазичното подрачје на Швабија. Заедно со традиционалните области Баден и Хоенцолерн денес ја сочинуваат сојузната покраина Баден-Виртемберг.

Историја Областа првобитно била во состав на Војводството Швабија. Подоцнежните историски периоди можат да се поделат вака: Грофовија Виртемберг (1083–1495) Војводство Виртемберг (1495–1803) Изборно Кнежевство Виртемберг (1803–1806) Кралство Виртемберг (1806–1918)Das Königreich Württemberg, eine Beschreibung nach Kreisen, Oberämtern und Gemeinden (Stuttgart, 1904) Слободна Народна Држава Виртемберг (1918–1945)

По Втората светска војна, областа е поделена на Виртемберг-Баден и Виртемберг-Хоенцолерн поради различните окупациски зони на САД и Франција. Во 1952 г. е ставена во сојузната покраина Баден-Виртемберг. Градот Штутгарт, како историска престолнина на Виртемберг, станал главен град на денешната сојузна покраина.

Поврзано Список на земји во Светото Римско Царство Хоенцолерн (покраина) Виртемберг (замок)

Наводи

Надворешни врски

Мал историски речник на Баден и Виртемберг

Категорија:Историски области во Германија Категорија:Поранешни монархии во Европа Категорија:Поранешни држави и територии во Баден-Виртемберг