Во чест на Каталонија (Homage to Catalonia) е политички роман на Џорџ Орвел. Романот е личен запис за неговото лично искуство и видувања за Шпанската граѓанска војна и Орвеловото активно учество во милицијата на Работничката партија на марксистичко обединување (POUM), која пак била дел од републиканската армија. Оваа војна е еден од клучните настани кои го дефинираат неговиот политички поглед и имала големо влијание врз неговите дела.
Првото издание било објавено во Велика Британија во 1938 година. Оваа книга не била издадена во САД сè до февруари 1952, кога била објавенаа со влијателниот предговор на Лајонел Трилинг. За време на животот на Орвел, книгата била преведена само на италијански, во декември 1948.Omaggio alla Catalogna, translated by Giorgio Monicelli (Mondadori, Verona, December 1948), The Lost Orwell, p. 124. Денес, книгата е преведена на голем број светски јазици, меѓу кои и на македонски.
Поврзано Џорџ Орвел Шпанска граѓанска војна
Наводи
Надворешни врски Во чест на Каталонија – текст со индекс за пребарување . Во чест на Каталонија Во чест на Каталонија
Категорија:Дела на Џорџ Орвел