79  Катастрофална ерупција на Везув - вулкан во Италија. Затрупани се градовите Помпеја и Херкуланеум. 1572  Бартоломејска ноќ во Франција: по наредба на Катерина Медичи, започнал масакрот на хугенотите во кој за неколку недели се убиени помеѓу 5.000 и 30.000 протестанти. 1814  Британските војски го нападнале Вашингтон и ја запалиле Белата куќа и неколку други јавни објекти. 1821  Потпишан е Договорот од Кордоба - денешен Веракрус, со кој Мексико се стекнало со независност од Шпанија. 1891  Томас Едисон ја патентирал камерата за подвижни слики. 1899  Група загрепски научници откриле коски, заби и орудиja на пралуѓето на подрачјето на Крапина, наодите биле значаен доказ за вистинската Дарвинова наука за еволуцијата. 1912  Алјаска е официјално прогласена за американска територија. 1939  Потпишан е договорот Молотов-Рибентроп за ненапаѓање помеѓу СССР и Нацистичка Германија. 1960  Во Восток на Антарктикот е измерена рекордно најниската температура: −88 °C . 2006  Дефиниран поимот „планета“ од страна на МАС во Прага, Чешка, според кој Плутон е џуџеста планета, а Сончевиот Систем има 8 планети. 2016  Откриена планетата Проксима Кентаур b — најблиската вонсончева планета до нашиот Сончев Систем. 24 август