Кутлевец — археолошко наоѓалиште во штипското село Долани. Претставува населба од римското време. Се наоѓа на 12-тиот километар од двете страни на патот Штип-Радовиш, на десниот брег на реката Лакавица, во близината доланските трла. Теренот е рамнина, на југоисточниот крај опкружена со мали височинки, на која по површина има делови од керамички садови со сива боја и делови од тегули. Најдени се и остатоци од темели на грнчарска фурна.

Поврзано Дива Топола — населба од доцноантичкото време; Ерџелија — населба од доцноантичкото време; Јаребичова Вода — водовод од доцноантичкото време; Кале - Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време; Рамниште — населба од римското време; Ќерамидница — населба од доцноантичкото време; Чука — населба и некропола од доцноантичкото време; Долани; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.

Наводи