Ложа — слика, масло на платно од 1874 година од францускиот уметник Пјер Огист Реноар. Денес се наоѓа во Кортолд Галерија во Лондон.

Опис На сликата е прикажан млада двојка, во театарска ложа во париски театар. На сликата е прикажана Нини Лопес, моделот на Реноар, претставена на четиринаесет негови слики во следните неколку години. Младиот човек е неговиот брат Едмонд, новинар и уметнички критичар. Одењето во театар било значаен чин, во кој покрај што се гледале претстави, важно било и да се биде виден.La Loge de Renoir : focus sur un chef-d’oeuvre. Стил Сликата е внимателно надоградувана и композициски и стилски со настојување на доловување на севкупниот впечаток на светлината, како и поетиката која е во слава на животот, таа е една од ретките слики на Реноар, претставена во ентериер и осветлена со вештачко светло.

Боите, начинот на поставување и градација на копозицијата, линиската колористичка ритмика како и чувството на светлосно треперење, всушност го претставуваат импресионизмот во целосна авторска ликовна ангажираност и естетска верба, со што во оваа слика настојува на повеќето ликовни елементи во кои настојува на прикажувањето на портретот, на фигурите и одредена дефинираност и прецизност во севкупниот условен реализам. Влијание Сликата повеќе содржи одредени не само ликовни елементи карактеристични за импресионизмот туку и одредени литературни реминисценции кои се во своевиден дослух а можеби и инспирација на големиот писател од тој период, реформаторот и книжевниот иноватор Марсел Пруст. Наводи

Надворешни врски Renoir at the theatre: looking at la loge via Courtauld Institute Galleries. Интерактивный вид зала галереи Института искусства Курто, в котором находится картина «Ложа» www.courtauld.ac.uk Пьер Огюст Ренуар — Ложа, impressionism.su

Категорија:Слики од Пјер Огист Реноар Категорија:Слики од импресионизмот