Белотрака окатка (Pseudochazara anthelea) е вид на пеперутка, од семејството на шаренците. Пеперугата живее во Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција и Ирак. Мажјаците се различни од женките со тоа што имаат бела долна страна. Пеперугите живеат во суви и каменести предели, најчесто варовници.
Подвидови Има само еден подвид на белотраката окатка: Pseudochazara anthelea amalthea Frivaldsky 1845 Овој вид живее покрај реката Струма и на островот Крит.
Лет Овој вид на пеперуги летаат од мај до јули, во зависност од местото и климата. Ларвите живеат на треви.
Опис Мажјаците се кафеави со бела примеса во средишниот дел на горната страна на крилјата, каде во долниот дел има жолтеникаво-портокалови нијанци. Има црни точки кај жолтеникавите нијанси. Долниот дел на крилјата е сив со бели точки. Женките се светлокафеави и имаат портокалова нијанса, и нема бела боја. Има црни точки во портокаловиот дел. Овие пеперуги ги има многу во средините каде живеат и летаат од април до јуни.Seitz in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)
Наводи
Литература Species info "Pseudochazara de Lesse, 1951" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms Butterflies of Europe, Tom Tolman, 1997, Princeton University Press
Надворешни врски Белотрака окатка
Категорија:Шаренци Категорија:Инсекти на Македонија