Стефани Беатрис Бишоф Алвизури (родена на 10 февруари 1981 година), позната професионално како Стефани Беатрис — американска глумица. Таа е позната по улогата на детективот Роза Дијаз во хумористичната серија на НБЦ Бруклин девет-девет исто така ја играла Џесика во независната драма Краткорочно 12 (2013).

Ран живот и образование Стефани Беатрис Бишоф Алвизури е родена во Неуквиен, Аргентина, ќерка на татко колумбиец и мајка боливијка. Таа пристигнала во САД на тригодишна возраст со нејзините родители и помладата сестра. Таа пораснала во Вебстер, Тексас, близу Хјустон и одела во средното училиште Клир Брук . Семејството било „прилично сиромашно“, што го лимитирало изборот на Беатрис на членување во училишниот хор, бидејќи тоа бил избор кој не чинел пари, за разлика од часовите по ликовна уметност или музичко. Уште на првиот час, наставникот ја обесхрабри Беатрис да продолжи понатаму и затоа Беатрис се пријавила на говор и дебата. Таму имала можност да се појави во претстави. Нејзината прва улога била негативец во претставата, а откако соученик ја погрешил за некој друг за време на целото шоу, сфатила дека има способност преку глума да се трансформира во некој друг. Ова ја поставило на патот на драмските уметности.

Беатрис присуствувала на женскиот колеџ Стивенс во Мисури. Дипломирала во 2002 година. Потоа се преселила во Њујорк за да се занимава со глума. Таа живее во Лос Анџелес од 2010 година.

Кариера Беатрис имала помали улоги во полициската процедурална телевизиска серија „Завршен удар" и ,,Саутленд“, како и повторувачката улога на сестрата на Глорија, Соња, во хумористичната серија на АБЦ „Модерно семејство“. Имала бројни сценски настапи на Фестивалот на Шекспир во Орегон, Театарворк САД, Театарот Олд Глоуб и Јеиловиот Репертоар Театар. Беатрис ја имала својата прва играна филмска улога како Џесика во прославената од 2013 година независна драма, Краткорочно 12.

Од 2013 година, таа ја толкува улогата на детективката Роза Дијаз во серијата на „Фокс“ и „ Ен-Би-Си “, Бруклин девет-девет, акциона комедија, серија заснована на полицајците од полициската станица во Бруклин. Во 2019 година, таа ја режирала епизодата од шестата сезона „Тој рече, рече таа“.

Беатрис глумела во улогата на Бони, во независниот игран филм „Светлината на Месечината“, по сценарио и режија на Џесика М. Томпсон. Филмот бил премиерно прикажан на филмскиот фестивал Јужно од Југозападот во 2017, каде ја добила наградата на публиката во конкуренцијата за наративна игра. Таа добила многу позитивни критики за нејзината изведба, а Холивуд репортер изјавиле дека „Беатрис нуди моќна ... непоколеблива, автентична изведба“, додека „ Варајети“ истакнале дека филмот е „вознемирувачки ефикасен“, а глумата на Беатрис е „стручно избалансирана и проценета“. " Од 2018 година, таа го позајмува гласот на Џина Казадор во 5-тата сезона на БоЏек Коњаник (анг. BoJack Horseman).

Било објавено во 2019 година, дека таа ќе се појави во филмската адаптација на мјузиклот „ На височините “, добитник на наградата Тони на Лин-Мануел Миранда https://www.whatsonstage.com/london-theatre/news/stephanie-beatriz-in-the-heights-cast-lin-film_48906.html

Личен живот десно|мини| Беатрис во 2016 година

Сексуалност и брак Беатрис првенствено имала насетувања дека таа е романтично склона кон жените и мажите кои започнале на возраст околу 12 или 13 години.

Иако во суштина долго време нејзините пријатели и семејството знаеле за нејзината сексуална ориентираност, во јули 2016 година, во случајна афирмација на туѓа бисексуалност на Твитер, Беатрис излегла пред пошироката јавност како бисексуалка. Беатрис исто така се идентификува како квир.https://m.youtube.com/watch?v=8CEECwApwj4

Во октомври 2017 година, Беатрис ја објавила својата свршувачка со колегата глумец Бред Хос. Беатрис и Хос се венчале на 6 октомври 2018 година.

Филмографија

Филм Година Наслов Улога Белешки 2013 година Краткорочно 12 Џесика 2014 година Ти не си ти Џил 2016 година Големиот празник на Пи-Ви Фреклс 2016 година Разрешница Изабел Дејвис Краток филм 2016 година Ледено доба: Правец на судир Герти (глас) 2016 година Пиштолските ракчиња Стефани Беатриз Член на општинскиот танцов одред на градот ЛА 2017 година Светлината на Месечината Бони Исто така извршен продуцент 2018 година Половина магија Кенди 2019 година Лего филм 2: Вториот дел Генерал Сладок Хаос (глас) 2021 година Во височините Карла Пост-продукција 2021 година Енканто Мирабел Мадригал Се снима

Телевизија Година Наслов Улога Белешки 2009 година Доближувач Камила Сантјаго Епизода: „Животот“ 2012 година Паметниот Натали Телевизиски филм 2013–2019 година Модерно семејство Соња 4 епизоди 2013 година Саутленд Белинда Каргроув Епизода: „Под големиот врв“ 2013 година Џеси Салма Еспиноза Епизода: „Играчка превара“ 2013 година Здраво дами Чувар на портата Епизода: „Лимузината“ 2013 – денес Бруклин девет-девет Роза Дијаз Главна улога, режија на епизодата „Тој рече, таа рече“ во 6-та сезона 2014 година Двобои на врвните готвачи Стефани Беатриз Епизода: „Џен Керол против Нијаша Арингтон “ 2015 година Полицаецот секира Хаста Миа (глас) Епизода: „Центарот на океанот“ 2017–2019 година Плескавиците на Боб Клои Барбаш / Џулија / Пем (глас) 6 епизоди 2017 година Новите ВИП Елена (глас) Телевизиски филм 2017 година Опасност и јајца Шериф Лук / капетан Банџо (глас) 4 епизоди 2017 година @ полноќ Стефани Беатриз Епизода: „541“ 2018–2019 година БоЏек Коњаник Џина Казадор (глас) 9 епизоди 2018 година Пеколна Кујна Стефани Беатриз Вечера за гости; Епизода: „Риба, надвор од вода“ 2019 година Ден по ден Пилар Епизода: „Погребот“ 2019 година Засекогаш дванаесет Конели (глас) 2 епизоди 2019 година Во темнината Елена Епизода: „Куќарка на дрво“ 2019 година Неовластено искуство на браќата Баш Вал Гал Разноликост, специјална програма 2020 година Семеен тип Водителка (глас) Епизода: „Библија“ 2020 година Паткини приказни Госалин Вадлемаер (глас) Епизода: „Да станеме опасни“ 2020 година Волшебници: Приказни за Аркадија Калиста / Немуе / Деја Наречникот (глас) 7 епизоди 2020 година Елена од Авалор Икслан (глас) 3 епизоди 2020 година Централ парк Енрике (глас) Епизода: „Верверица, прекината“

Интернет серии Година Наслов Улога Белешки 2016 година Волшебник Елизабет (глас) 3 епизоди

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Американски глумици Категорија:Живи луѓе