„Мизар“ — музички албум на истоимената македонска рок-група, објавен во 1988 година од љубљанската издавачка куќа „Helidon“. Во 2003 година, албумот бил повторно објавен (во форма на компакт-диск) од скопската издавачка куќа „Lithium records“

Содржина На оригиналното издание на албумот се наоѓаат следниве песни:Мизар, Lithium records, CD 014, 2003. Девојка од бронза Дождот Магла Илјада и шеесет лета Униније Стој Градот е нем Ходен же Истекувам Златно сонце

На повторното издание од 2003 година се додадени и следниве песни:Мизар, Lithium records, CD 014, 2003. Славјани (демо снимка, 1988) Дожд по дождот (демо снимка, 1988) Дожд (во живо, 1990) Градот е нем (демо снимка, 1988)

За албумот Албумот го снимил следниов состав на групата „Мизар“: Горан Таневски (вокал), Горазд Чаповски (гитара), Борис Георгиев (тапани), Сашо Крстевски (бас-гитара) и Катерина Бељновска (клавијатури). Автори на песните се: Чаповски и Таневски („Девојка од бронза“ и „Стој“), Чаповски („Дождот“, „Магла“, „Илјада и шеесет лета“, „Униније“ и „Златно сонце“), Чаповски/Таневски/Трајкоски („Градот е нем“), Таневски/Трајкоски/Спасевски („Ходен же“) и Спасовски/Чаповски („Истекувам“). Албумот е снимен во студиото „Тиволи“ во Љубљана во периодот јануари-април 1988 година, снимател бил Јанез Крижај, а продуцен Горан Лисица-Фокс. Мастерингот на повторното издание го направил Димитар димовски во студиото „Тра ла ла“ во 2002 година. Автори на идејната скица се: Сергеј Дамовски, Виолета Чаповска и Дејан Русимовиќ, автор на дизајнот е Јанез Штравс.Мизар, Lithium records, CD 014, 2003.

Наводи

Категорија:Албуми на Мизар Категорија:Изданија на Litium Records Категорија:Појавено во 2003 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2003 година