Жолтиот шаренец (Euphydryas maturna) е пеперутка од семејството на шаренците. Оваа пеперутка живее во Европа (вклучително и Македонија) и Казахстан

Опис Распонот на крилјата на пеперугата е од 35 до 42 мм. Горната страна на крилјата на пеперугата е темнокафена, со црнкасти вени. На крилјата има нерамни портокалови и кремасти форми, кои варираат по големина и распоред. Телото е црно, а антените црно-бели. Долниот дел на крилјата е посветол, односно портокалово-кремаст со присуство на слични шари како и на горната страна. Ларвите достигуваат до 30 мм кога се целосно пораснати. Тие се темни со изразени жолти точки. Имаат голем број на влакна по телото. Куклите се најчесто бели.

Овие пеперутки може да се најдат во влажни места, добро осветлени и места со грмушки. Денес во голем дел од Средна Европа бројот на единките драстично се намалува, а во одредени области веќе и се исчезнати.

Галерија

Наводи

Поврзано Пеперутки во Македонија

Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Шаховничари Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј