мини|Пабот „Victoria Arms“ на реката Шервел, северно од Марстон Фери патот. Victoria Arms (кирилично: Викторија Армс; месно позната како Vicky Arms и порано како „Ferry Inn“) ― паб на источниот брег на реката Шервел на крајот од Мил Лејн близу до Олд Марстон, североисточно од Оксфорд, Англија.
Тука некогаш постоел брод (плиток речен премин) низ Шервел, кој се користел уште од 12 век. Гостилница првично била изградена во текот на 17 век, а потоа била повторно изградена во 1840 година. Гостилницата била затворена во 1958 година и била купена од Оксфордското конзерваторско доверителство во 1961 година. Новинарите Фред и Руби Елкинс ги презеле зградите и управувале со пабот како „Слободна куќа“. За тоа време тие додале доградби на старите градби. Тие, исто така, раководеле со малата дрвена линија-траект преку Шервел многу години пред да се отвори пат. Подоцна бил изнајмен на пиварницата „Wadworth's“, обновенa и повторно отворена во 1986 година.
Пабот го посетуваат луѓе кои пловат во текот на летото.. Тука постоела траектна линија преку реката сè до 1971 година, кога бил изграден патот Марстон Фери на југ.
„Victoria Arms“ се појавила во телевизиската серија „Инспектор Морс“ неколку пати. Најзначајно е тоа што Морс во последната епизода од серијата рецитирал дел од поемата на Алфред Хаусман, „Колку јасно, колку пријатно светло“, овде во последната епизода на серијата. Пасус од поемата била искористена за насловот на епизодата „Денот на каење“.
Наводи
Надворешни врски
Мрежна страница на „Victoria Arms“
Категорија:Британски пабови Категорија:Британска култура