Мила Москов (родена на 8 март 2005 во Прилеп) — македонска пејачка. Таа ја претставуваше Македонија на Детска Евровизија 2019 со песната „Fire“.

Животопис На 6 години ја започнала својата музичка кариера во музичкото училиште во Прилеп каде посетувала часови по пеење и пијано. Таа учествувала на неколку меѓународни детски фестивали во Македонија, како што е Мелфест во Прилеп. Исто така земала учество во неколку пејачки натпревари, а со хорот Мали ангели настапувала на повеќе концерти за деца со посебни потреби.

Наводи

Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Македонски пејачи