Социологија во Русија започна да се развива од почетокот на дваесеттиот век, и покрај официјалната забрана за социологија во Советскиот Сојуз од 1929 до 1956 година и неодамнешна доминација марксизам. И покрај силните поделби од распадот на Советскиот Сојуз, областа на социологијата во Русија сега вклучува над триста универзитетски оддели, приближно триесет списанија и неколку професионални здруженија.

Историја Идејата за утопија значително влијаеше на првите социолошки мислители во Руската Империја. Првиот социолошки оддел во Русија е основан во 1907 година во Психоневролошкиот институт, а со него раководеле Максим Ковалевски и Е. В. де Роберти. Меѓу другите руски социолози од тоа време се наоѓаат Николај Данилевски, Николај Михаиловски, Михаил Туган-Барановски и С. Н. Јужаков.

Во првите моменти по Руската револуција, социологијата започна да напредува во значајните дела на Питирим Сорокин, К. М. Такачева и Николај Бухарин, кој беше главниот претставник на отпорот кон Марксимизмот. После приближно една деценија, може да се каже, социологијата постепено се "политизирала, бољшевизирала и, најпосле, стаљинизирала". Сепак, Питирим Сорокин бил протеран од Русија 1992 година година. Предавањата на К. М. Тахатар на универзитетот биле забранети во 1924 година. Социологијата била карактеризирана како "буржоаска псевдо-наука" која директно се спротивставува на марксизмот, а нејзините учења (како и самото име), исто така биле забранети. Филозофскиот институт на комунистичка академија за филозофски и социолошки проблеми во 1929 година, ја означил социологијата како "невистинитата наука која ја смислил Огист Конт, а самиот збор социологија не смеел да се користи во марскистичката литератури". Во понатамошниот период од 1930 до 1950 година, таа дисциплината практично престанала да постои во Совјетскиот Сојуз. Дури и кога нејзините учења биле дозволени (не заменета со марксистичката филозофија), не успеала да доминира над марсистичките мислења; од каде во Советскиот Сојуз, поточно целиот Источен блок постои, до одредена мерка, само една социолошка гранка: марксистичка социологија.

После смртта на Јосиф Стаљин и на Дваесеттиот партијски конгрес (1956 година), беа олеснети ограничувањата во областа на социолошкото истражтвање; формирањето на Советското социолошко друштво било дозволено во 1957 година и, конечно, по Дваесет и третиот партиски конгрес (1966 година), социологијата повторно била признаена во Советскиот Сојуз како прифатлива гранка на науката.Osipov, G. V. (2009). "The Rebirth of Sociology in Russia: How It Actually Developed". Russian Social Science Review 50 (6): 80–108. Во текот на 1962 година, било формирано првото руско списание во оваа област, на англиски јазик - „Советска социологија“.. Во текот на 1968 година, Институтот за насочени социјални истражувања (подоцна преименуван во Социолошки институт) ја создаде Советската академија на науките.

Сегашност Дури и за време на Советскиот период, постоел голем судир на мислења меѓу руските социолози за тоа дали да се фокусираат на социологијата на Маркс и Ленин, или можеби повеќе на општата наука за социологија. Пристапот на Маркс и Ленин, честопати поддржан од партијата, триумфираше во повеќето случаи до падот на Советскиот Сојуз. Оттогаш, во отсуство на поддршка од институциите, нивниот пристап започнле да го губи својот доминантен статус и тоа довело до видливи поделби и конфликти во рамките на руската социологија. Според Романовски и Тошченко, руските социолози го прошириле својот домен на истражување, во смисла да се занимаваат и со темите и со географија. Во 2009 година, Д. Г. Подвоиски истакнал дека „во денешното руско општество, статусот на социологија е на екстремно ниско ниво“, особено нагласувајќи дека ниту пошироката јавност, ниту политичките критичари не знаат многу за социологијата, ниту пак се грижат за социолошкиот пристап.Podvoiskii, D. G. "Sociology in Today's Russia". Sociological Research 48 (6): 60–72. Во текот на 2012 година, рускиот социолог Виктор Вакстејн објавил статија во која цврсто застанува зад ставот дека руската социологија е во криза. Руските социолози Н. В. Романовски и Т. Тошченко настапувале со помалку песимистични погледи на социологијата во Русија.Romanovsky, N.V.; Zh.T. Toshchenko (2012). "On the Real State of Sociology in Russia: Opposing Vakhshtayn’s Polemics". Global Dialogue 2 (5). Посетено на 10 September 2012. Тие посочувале дека најголемиот проблем со кој се соочува руската социологија е постоењето на недоволно образовани „псевдо-социолози“ кои, ни повеќе ни помалку, со своите тврдења кои не се темелно истражени, го пренасочуваат целото внимание на медиумите.

Од 2012 година, Русија има над триста универзитетски оддели за социологија и околу 110 советодавни степени. Помеѓу 1989 и 2003 година, дваесет илјади студенти дипломираа на одделите за социологија низ целата земја. Најголемите социолошки конференции во Русија се „All-Russia Sociological“ (може да се преведе како „Социологија од потполно руска гледна точка“) и „ Russian Pathways “ („Руски патишта“).Vakhshtayn, Victor (2012). "The Lamentable State of Post-Soviet Sociology". Global Dialogue 2 (3). Посетено на 10 September 2012. Руското социолошко друштво е основано во 1999 година, иако, според Г. В. Осипов, од 2009 година има неколку алтернативни организации (како што се „Здружението на социолози и демографи“, “Социолошко друштво Ковалевски“, “Друштво на професионални социолози“ ...), и не е сосема јасно кој е соодветниот наследник на „Советската социолошка Организација“(распуштена во 1999 година). Двата најголеми центри за социолошки истражувања се Институтот за социологија и Институтот за социополитички истражувања, и двата се дел од Руската академија на науките. Наградата на М. Колевски е најпрестижната награда за социолошките истражувања во Русија. Постоат околу триесет социолошки списанија објавени во Руција, од који два се објавуваат на англиски јазик: "Sociological Research" ("Социолошко истражување") и "Society and Education" ("Друштво и образување"). Помеѓу 1998 и 2006 година, во Русија беа објавени илјадници социолошки книги и монографии, вклучително и неколку речници и социолошки енциклопедии.

Наводи

Литература

Vasily Bushnev, Elena Moskovkina, Natalia Savelieva, Oleg Zhuravlev, “PUBLIC” SOCIOLOGY IN RUSSIA

Надворешни врски Victor Vakhshtayn, We have it all, but do we have anything? Further confirmation of the lamentable state of Russian Sociology, August 20, 2012

Категорија:Наука и технологија во Русија Категорија:Социологија Категорија:Марксизам