Свети Ѓорѓи – црква во селото Безиково. Сместена е на врвот Дабјето (1.001 м) во маалото Стоевци.

Историја Од натписот во малтер пред влезот на црквата се забележува дека црквата била изградена или осветена на 13 август 2012 година.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со четириаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна на којашто има припрата. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, летниковци и трпезарија. Камбанаријата има примитивен изглед и претставува дрвен столб покриен со кровна конструкција.

Галерија

Поврзано Безиково Оризарска парохија Брегалничка епархија Кочанско архијерејско намесништво

Надворешни врски

Категорија:Безиково Безиково