Здравецов синец (Eumedonia eumedon) е пеперутка од видот на пеперутки синци. Пеперугата ја има и во Македонија.
Опис
Распонот на крилјата е од 26 до 30 мм. Возрасните единки летаат од мај до август, во зависност од локацијата. Ларвите се хранат со растенијата Geranium и Erodium. Горната страна на крилјата на пеперутката е со темнокафена боја на врвовите на крилјата која постепено се прелива кон темносина сјајна боја. Кон дното на крилјата има портокалови дамки. Рабовите на крилјата се во бела боја. Телото е темнокафено кон црно, а антените црни и бели. Долната страна на крилјата е во светлокафена боја која во основата се прелива кон синкасто-сребрена боја. Телото е во истата боја на долната страна. На крилјата има дамки во црни, бели и жолти дамки со различна форма и големина.Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)
Наводи
Поврзано
Пеперутки во Македонија
Надворешни врски Пеперутки во Европа
Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Синци