Бологе ( рус ) е град во европскиот дел на Руската Федерација и административен центар на Бологовскиот реон кој се наоѓа во северниот дел на Тверската област. мини|Кировска улица Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2024 година живееле 19 458 жители.

Географија Градот Бологоје се наоѓа на брегот на Бологовското езеро, на североисточните падини на Валдајските ридови, во преодното подрачје помеѓу ридовите и Вишњеволочката низина. Во подрачјето каде што се наоѓа градот, надморските височини се помеѓу 150 и 200 метри.

Од административниот центар на областа, градот Твер се наоѓа на растојание од околу 164 километри во северозападен правец.

Градот се наоѓа во зоната на умереноконтинентална клима со просечна јануарска температура од -10,2 °C, или јулската од +16,7 °C. Просечната годишна количина на врнежи е околу 645 милиметри. Снежната покривка трае од втората недела на ноември до почетокот на април (и често до мај).

Историја лево|мини|250x250пкс| Бологојската железничка станица околу 1860 година Населбата наречена „село Бологоје на езерото Болошко“ за првпат се споменува во пишани извори околу 1495 годинаво една од катастарските записи на тогашната земја во Новгород. Се претпоставува дека името на населбата потекнува од стариот руски термин што значи мир и добрина (не е јасно за што конкретно се однесувало името).

Поинтензивен развој на населбата започнал во 1851 година, со изградба на железничка станица на многу важна железничка рута (тогаш железница Николаев) што ги поврзувала двата најголеми града, Москва и Санкт Петербург. Населбата која е формирана околу железничката станица е обединета во 1917 година со истоименото соседно село и како такво го добило административниот статус на градот. Во 1918 година основан е Бологовскиот округ во Новогородската губернерија, а градот Бологоје станал првиот округ и од 1927 година и регионален центар.

Демографија Според податоците од пописот во 2010 година, градот има население од 23 494 жители, додека според проценките за 2014 година градот имал 22 177 жители. +Движење на бројот на населението1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година17 32030 30133 94931 29335 92626 61223 49422 177

Белешка: * според проценките на Националната статистичка служба.

Сообраќај Благодарение на својата стратешки поволна позиција на половина пат меѓу двата најголеми руски града, Москва и Санкт Петербург, Бологоје се развил многу рано како многу важна крстосница на железници и патишта, а нејзината железничка станица се смета за една од најфреквентните во Тверската област. Од 1851 година преку градот поминува железничка пруга на релација Москва-Санкт Петербург. Поважни железнички линии што минуваат низ градот се и Рибинск - Бежецк - Сонково, Псков - Валдај - Стараја Русија и Великије Луки - Андреапол.

Поврзано

Тверската област Бологовојски реон Список на градови во Русија Бологовојско Езеро

Користена литература

Надворешни врски

Неофицијален портал за информации во градот Историја на Болоња Хералдичка историја на градот Национална енциклопедија на градови и региони на Русија: градот Бологе

Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови во Тверската област