Жолтонога многубојка е пеперутка од семејството на шаренците. Пеперугата ја има од Источна Европа па сè до Јапонија,а на има и во Македонија.
Опис Горната страна на пеперугата е во портокалова боја. На самите крилја ги има карактеристичните црни дамки со различна форма и големина. Забележителна е бордурата на крилјата. Покрај рабовите има неколку бордури со различна големина, од која најголемата е во црна боја, а помалите во црна и синкаста боја. Телото и антените се кафени. Долната страна на крилјата се кафени, со различна нијанса на темнокафена боја. Наликува на кора на дрво.. Распонот на крилјата на пеперутката е од 63 до 68 мм. Ларвите се кранат со растенијата Celtis australis, Pistacia integerrima, Salix elegans и Salix excelsa.
Наводи
Поврзано
Пеперутки во Македонија
Категорија:Шаренци Категорија:Инсекти на Македонија