Говедарникот — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Негорци. Претставува населба од хеленистичкото и римското време. Во дворот на еден жител, при обработувањето на бавчата биле откриени темели од градби, а по површината имало делови од керамички садови. Сопственикот нашол бронзени белезици и монети кои со години ги има чувано.
Поврзано Башот - Горна Корија — населба од римското време; Гурбиш — некропола од доцноантичкото време; Негорци; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско.
Наводи