Куксхафен () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град.

Округот се граничи со (од исток надесно) окрузите Штаде, Ротенбург, Остерхолц и Везермарш, градот Бремерхафен и Северното Море.

Географија

Често округот е именуван како Куксланд. Се наоѓа на брегот на Северното Море и е опкружен од устијата на реките Елба и Везер. Брегот е дел од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море.

Историја

Округот бил основан во 1977 година со спојување на поранешните окрузи Ланд Хаделн и Везерминде. Градот Куксхафен го изгубил својот статус на слободен град и станал административно седиште на новиот округ.

Грб

Грбот го прикажува Свети Никола, кој е светец заштитник на рибарите. Брегот на Северното Море е прикажано најдолу на грбот.

Градови и општини

мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Куксхафен

ГрадовиСлободни општиниОпштински заедници Куксхафен Гестланд Беверштет Хаген им Бремишен Локсштет Шифдорф Вурстер Нордзекисте1. Берде Ламштет Армсторф Холнзет Ламштет1 Мителстенае Штинштет 2. Хемор Хехтхаузен Хемор1, 2 Остен3. Ланд Хаделн Белум Билкау Каденберге Илиенворт Нојенкирхен Нојхаус Нордледа Оберндорф Одисхајм Остербрух Отерндорф1, 2 Штајнау Вана Вингст1седиште на општинската заедница; 2град

Наводи

Надворешни врски

Туристичка страница

Категорија:Окрузи во Долна Саксонија