Света Петка – црква во селото Бели. Сместена е во месноста Црквиште, во близина на основното училиште.

Историја Црквата била изградена на темелите на постар храм. Осветувањето било извршено на 13 септември 2020 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.„Осветена новата црква во Бели посветена на св. Петка“. ТВ Кочани.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со купола и полукружна апсида на источната страна. Куполата има шестаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Влезот во црквата се наоѓа на западна страна, а пред него има отворен трем. На северниот и јужниот ѕид има по две хоризонтално поставени монофори. Објектот во целост е обоен во црвена боја и е покриен со кров од ќерамиди. На делот од кровот каде што тремот се спојува со главниот дел од црквата е надграден лак над којшто има крст.

Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него има трпезарија.

Галерија

Поврзано Белски манастир Црква „Св. Илија“ - Бели Црква „Вознесение Христово“ - Бели Бели Брегалничка епархија Спанчевска парохија Кочанско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бели Бели