Тиотропиум бромид е бронходилататор со долго дејство кој се користи во менаџирање на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и астма. Се користи во облик на инхалација. Дејството започнува најмногу до половина час од земањето на лекот и трае 24 часа.

Чести несакани ефекти се сува уста, течење на носот, горнореспираторна инфекција, отежнато дишење и главоболка. Тешките несакани ефекти може да вклучуваат ангиоедем, влошувачки бронхоспазам, и пролонгација на QT интервалот. Тој е антихолинергичен лек кој делува преку блокирање на дејството на ацетилхолинот врз мазната мускулатура.

Тиотропиумот бил патентиран во 1989 година, а бил одобрен за медицинска употреба во 2002 година.

Наводи

Категорија:Бронходилататори Категорија:Антихолинергици Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Третични алкохоли Категорија:Епоксиди Категорија:Четвртични амониумски соединенија