Ѓурчин Наумов-Пљакот или ПајакотПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 81 — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис

Роден е во Сланско, село во Порече, во 1851 година. Тој бил ден од најстарите дејци во Револуционерната организација и борец против беговско-османското ропство. Во март 1901 година, заедно со Јордан Пиперката, бил вклучен во четата на војводата Никола Петров Русински, а потоа и во четата на Веле Марков. На 23 јули 1902 година (нов стил) учествува во борбата кај селото Ракитница во која загинал војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов и уште тројца четници успеале да ја пробијат османлиската заседа. На 30 јуни 1902 година, Окружниот комитет во Битола го назначил за крушевски војвода. За време на Илинденското востание, при ослободувањето на Крушево, Ѓурчин Наумов како стар и искусен војвода, играл значајна улога во правењето на планот за борбата. Храбро загинал во борба против многубројна османлиска војска, на 23 септември 1904 година кај селото Слатина, Порече.Сайт на Македонския научен институт

Наводи

Категорија:Луѓе од Сланско Категорија:Починати во Слатина (Порече) Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Учесници во Илинденското востание