Светогорск ( ), до 1948 година Енсо ( ; ) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместено е во северозападниот дел на Ленинградската област, во областа на Виборшкиот реон. Тоа е еден од најзначајните гранични премини меѓу Русија и Финска . мини|Финската вила во Светогорск се наоѓа на списокот на културно наследство на Русија Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година во градот живееле 15 827 жители.

Географија Градот Светогорск се наоѓа на десниот брег на реката Вуокса, во северниот дел на Карелјската превлака , на околу 188 километри северозападно од Санкт Петербург . Најблиската урбана населба е финската Иматра, која е на само 12 км западно. Најсеверно е урбаната населба во Ленинградската област .

Граничниот премин со Финска, Иматра-Светогорск, кој се наоѓа на околу еден километар северозападно од центарот на градот, беше отворен во 1947 година.

Историја лево|мини|150x150пкс| Знаме на градот Населбата е основана во 1887 година од фински благородник и индустријалец, баронот Ади Стендершелд (1855-1935), кој купил околу 16 хектари земја во областа. Баронот отворил фабрика за производство на целулоза на неговата земја и наскоро била формирана населба околу фабриката, чии жители биле вработени во неа. Новооснованата населба била именувана Енсо (, „Првенец“). Со текот на времето, фабриката ги проширила своите активности до производство на картон и хартија, и за кратко време станала една од најголемите фабрики за хартија во тогашна Финска.

Согласно одредбите на Московскиот мировен договор потпишан на 13 март 1940 година, со кој завршила Зимската војна, поголемиот дел од поранешната Виборшка губернерија потпаднала под власта на Советскиот Сојуз. Иако, според одредбите на мировниот договор, Енсо требало да припаѓа на Финска, Советската Црвена армија неколку дена подоцна, на 20-ти март го нападнала градот и го вградила во неговиот состав. До војната, Енсо била дел од општината Јаски.

За време на таканаречената Продолжена војна, населбата била под опсада на финската армија од 21 август 1941 година до 24 септември 1944 година година кога конечно бил вратен во Советскиот Сојуз.

Во согласност со политиката на русификација на топонимијата во подрачјето на Карелијската превлака, населбата Енсо во 1948 година била преименувана во Светогорск, а истата година и бил доделен административен статус на официјален град. Три години подоцна, фабриката „Енсо“ била преименувана во Светогорски комбинат за целулоза и хартија. Современата фабрика за хартија во Светогорск е најголемиот економски објект во градот и воедно една од најголемите фабрики од тој тип во целата земја.

Население Според податоците од пописот во 2010 година, во градот живееле 15 981 жител, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година градот имал 15 827 жители. + Движење на бројот на жителите1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2015 година ---10 4489 62312 99015 59415 69815 98115 827 Според бројот на жители, Светогорск во 2014 г беше рангиран на 766 место меѓу 1 100 градови во Руската Федерација.

Економија Недалеку од градот на реката Вуокси се наоѓа хидроцентралата Светогорск со капацитет од 554,6 електрична енергија.

Градови партнери Градот Светогорск потпиша договори за партнерство и соработка со следниве градови:

Иматра, Финска

Поврзано

Ленинградска област Виборшки реон Карелијанска превлака Список на градови во Русија

Користена литература

Надворешни врски

Светогорск во енциклопедијата „Мојот град“ Историја на Света Гора

Категорија:Градови во Русија Категорија:Градови во Ленинградската област Категорија:Преименувани населени места во Русија