Големо Окштун () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци муслимани.

Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Крај селото тече реката Окштун (или Окштунска Река). Недалеку на запад е селото Орешња, а понатаму на југ лежи Моглица. Мало Окштун на извесно растојание на југозапад.

Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Окштон (Okshton) било село со 40 домаќинства сочинети од 79 жители торбеши.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. го води Окшутин како село во Грика Вог’л (Мала Река) со 390 жители „Албанци-муслимани“, што претставува грешка.

По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Окштун се води како село од 200 куќи, сите Македонци муслимани.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект

Наводи

Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица