thumb|right|300px|Сирники
Сирники ( ; ; украински: сирник [и]) се пржени источнословенски палачинки со младо сирење (кварк). Во Русија, тие се познати и како творожники (творо́жники). Тие се дел од белоруската, руската, украинската, латвиската (сирџики) и српската кујна. Нивната едноставност и извонреден вкус ги направиле многу популарни во источна Европа.
Етимологија Името сирники потекнува од зборот syr (сыр), што сега генерално значи „(тврдо) сирење“ на руски јазик, но некогаш значело мека урда. Украинскиот јазик ја задржал старата словенска смисла на зборот, како и во domashnii syr (домашній сир, буквален превод "домашно сирење"), додека на руски јазик, се користи уште еден стар словенски збор за урда - зборот tvorog (творог).
Подготовка лево|мини| Сирники со суво грозје Сирники или творожники се направени од кремасто младо сирење (кварк), измешано со брашно, јајца и шеќер, а понекогаш се додава и екстракт од ванила. Младото незреено сирење или домашното сирење се предлагаат како замена за творог. Меката смеса се обликува во мали пити, кои се пржат во тава во растително масло или во врел путер. Конзистентноста на смесата треба да остане малку кремаста, а треба малку да заруменат од двете страни. Тие се традиционално слатки и се служат за појадок или десерт но може да се направат и солени. Суво грозје, сецкани суви кајсии, свежи јаболка или круши понекогаш се додаваат во тестото. Обично се служат со џем (мармалад), џем, павлака и/или стопен путер.
Наводи
Надворешни врски
Рецепт за сирники на Микеле А.Берди - Rossiyskaya Gazeta Рецепт украински Сирники (палачинки со сирење) Сирники (руски палачинки со сирење) https://www.sainsburysmagazine.co.uk/recipes/breakfasts/syrniki Сирники (палачинки со сирење)
Категорија:Десерти Категорија:Руски десерти Категорија:Руска кујна Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Јадења од сирење