Tenthredo velox — вид на растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на овие оси е: Европа и Северна Азија. Во Македонија овој вид се наоѓа во Маврово и на Шар Планина.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 200-201
Опис Tenthredo velox може да достигнат должина од 10-12 милиметри. Главата им е црна, клипеусот делумно црн, а горната усна бела. Антените и градите црни, крилата стаклесто провидни, жилките кафеави, стигмата е црна. Нозете се црвеникави, а предните нозе често се жолти на предната страна. Возрасните форми се среќаваат од мај до август. Ларвите се со црна глава со кафеави дамки, и се развиваат на растенијата од родовите габер и леска.
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија