Апијан (II век од нашата ера) ― римски историчар од Александрија. Го напишал делото „Римска историја“ во 24 книги. До денес во целост се зачувани предговорот и единаесет книги, а во фрагменти четири книги. Дава податоци за историите на поедини народи и земји до нивното паѓање под римска власт. Известува за римско-македонските војни, за освојувањето на Македонија од страна на Рим и за односите на Рим со последните македонски владетели.

Апијан, во своите дела ги наведува Македонците и Елините како два посебни ентитета, а тоа се гледа низ повеќе негови написи: мини|Appian: Historia Romana. Печатена во Венеција 1477 од Ерхард Ратдолт

Апијан иако бил близок со аристократијата, тој важел за објективен и непристрасен историчар, кој ги прикажувал работите како навистина се.

Наводи

Надворешни врски

Дела на Апијан англиски Апијан - Римската историја англиски

Категорија:Римски правници Категорија:Римјани од 1 век Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Родени во 95 година Категорија:Починати во 165 година