алт=Фабрика во Илирска Бистрица|мини|Фабрика во Илирска Бистрица Бркини (; ) ― ридско подрачје во југозападна Словенија.

Географија На север, Бркини се граничи со реката Река, на југозапад со Матарската Долина (Matarsko podolje), на северозапад со платото Карст, и на југоисток со Јелшанската Долина. Регионот Бркини е поделен меѓу општините Хрпеље-Козина, Пивка, Илирска Бистрица и Дивача. Регионот е долг 25 км, широк 7 км, и зафаќа површина од 180 км2. Неговиот средиштен дел се наоѓа на надморска височина од 700 до 800 м. Средината на регионот е селото Прегарје. Климата е блага, а геолошката основа е флиш, со помал варовнички дел на североисток. Регионот е врска помеѓу Средоземјето и континенталниот дел на Словенија.

Име Се верува дека името Бркини има италијанско потекло поради моделот на наставки. Ова укажува на тоа дека коренот на името (brk-) може да потекнува од северноиталијанскиот „bricco“, „bricca“ '(стрмна) падина'. Потеклото од словенската именка брдо е сомнително.

Економија Ридовите Бркини се економски недоволно развиен регион, со главна економска активност од земјоделско одгледување, особено сливи. Многу луѓе од Бркини патуваат кон работа до блиските центри Илирска Бистрица, Подград, Хрпеjље и Козина. За време на Втората светска војна, над една третина од селата во ридовите Бркини биле запалени од италијанските и германските сили поради партизанската активност во областа, што значително влијаела на развојот на регионот. Густината на населението е мала, а луѓето сè уште заминуваат.

Наводи

Категорија:Истра