Арабај (5 век п.н.е.) ― крал на горномакедонското племе Линкести.

Во 424/3 г.п.н.е. успешно војувал против кралот Пердика II, којшто помогнат од неговиот сојузник, спартанскиот војсководец Брасида, настојувал да ја приклучи Линкестида кон централната македонска држава. Историските текстови (особено оние на Тукидид) го споменуваат Арабај, како војувал и со македонскиот крал Архелај за превласт во Македонија.

Постои епиграфски натпис во Пелагонија (365/4 пр.н.е.) на кој е зачувана првата буква од името на пелагонискиот владетел. На епиграфскиот натпис, делумно зачуван на атинскиот Акропол, се запишани договори за сојузништвото меѓу Арабај од Линкестида и Атина (околу 423 пр.н.е.).

Наводи