Пирин — планина во Пиринска Македонија, денес во Југозападна Бугарија. Претставува дел од Рилско-родопскиот Масив. Нејзин највисок врв е Вихрен (2.914 м). Планината е претставена на Грбот на Македонија.

Местоположба Пирин се наоѓа меѓу реките Струма на запад и Места на исток. На север преку Предел се поврзува со планината Рила, а на југ продолжува во Славјанка (Алиботуш).

Релјеф и земјишни облици thumb|right|300px|Карта на врвови во Северен Пирин thumb|right|300px|Карта на води во Северен Пирин

Позначајни врвови thumb|right|150px|Поглед на врв Вихрен од Кутело На Пирин има два врва со над 2.900 м (Вихрен и Кутело), седум над 2.800 м, седумнаесет над 2.700 м, 32 над 2.600 м и 40 над 2.500 м. Трите највисоки врва се мермерни, а највисоките гранитни врвови (Полежан и Каменица) се наоѓаат на странични краци.

Вихрен - 2.914 м (Мраморен дел) Кутело - 2.908 м (Мраморен дел) Бански Суходол - 2.884 м (Мраморен дел) Голем Полежан - 2.851 м (Полежански дел) Каменица - 2.822 м (Каменички дел) Малак Полежан - 2.822 м (Полежански дел) Голема Стража - 2.822 м (Полежански дел) Бајуви дупки - 2.820 м (Мраморен дел) Малка Стража - 2.810 м (Полежански дел) Јаловарник - 2.763 м (Каменички дел) Газеј - 2.761 м (Полежански дел) Кајмакчал - 2.753 м (Полежански дел) Голема Тодорка - 2.746 м (Тодорин дел) Бандеришки Чукар - 2.732 м (Северен централен дел) Џенгал - 2.730 м (Јужен централен дел) Момин Двор - 2.723 м (Јужен централен дел) Башлиски Чукар - 2.720 м (Северен централен дел) Мала Тодорка - 2.712 м (Тодорин дел) Ченгелчал - 2.709 м (Дебел рид) Дисилица - 2.700 м (Полежански дел) Каменишка кукла - 2.690 м (Каменички дел) Куклите - 2.686 м (Каменички дел) Муратов Врв - 2.669 м (Северен централен дел) Џано - 2.668 м (Јужен централен дел) Безбог - 2.645 м (Полежански дел) Сиврија - 2.593 м Синаница - 2.516 м (Синанишки дел)

Пирин како тема во уметноста и во популарната култура „Пирин планино“ - македонската народна песна.ТЕА Модерна колеција, „Кон традицијата“. „Планино Пирин планино“ - македонска народна песна.YouTube, Анка Гиева - Планино Пирин планино (пристапено на 2.12.2019) „Од врв Пирин Планина“ - македонска народна песна.YouTube, Ansambl Biljana - Od vrv Pirin planina (пристапено на 2.12.2019) „Кажи ми кажи Пирин планино“ - новосоздадена фолк песна на композиторот Кирил Дрангов.YouTube, КАЖИ МИ, КАЖИ ПИРИН ПЛАНИНО- Маријана Мишева (пристапено на 2.12.2019)

Галериjа

Надворешни врски

Национален парк „Пирин" Информациски портал за Пирин Интересна страница за Пирин Планина Галерија со слики од Пирин Бански суходол, Кутело, Вихрен през зимата

Наводи

Категорија:Планини во Пиринска Македонија Категорија:Планини во Бугарија