Демјанск ( ) е населено место со административен статус на мало гратче ( ) на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација. Сместен е во јужниот дел на Новгородската област и административно му припаѓа на Демјанскиот реон, кој е и административен центар. мини|Грб на Демјанск Според проценките на Националната статистичка служба за 2014 година во градот живееле само 4 859 жители.
Географија Градот Демјанск се наоѓа во јужниот дел на Новгородската област во рамничарското подрачје познато како Демјанска низина (микро-целина на Прииљменската низина). Реката Јавоњ, притока на реката Поле и дел од басенот на езерото Иљмењ, тече низ градот. Сместен е на околу 181 километар јужно од административниот центар на областа Велики Новгород.
Историја Првите пишани информации за населбата се пронајдени во еден летопис од 1406 година каде што се споменува како тврдина Демонска( Деман, Демјан).
Во 1824 година поранешното село со административна одлука било трансформирано во град и административно седиште на новооснованиот Демјански округ. Во 1927 година станал седиште на истоимениот реон, но исто така го изгуби својот градски статус и повторно станува селска населба.
Населбата била тешко оштетена во борбите меѓу советските и германските трупи за време на Втората светска војна (под германска окупација од 9 септември 1941 година до 21 февруари 1943 година)
Тој го има сегашниот административен статус на урбано гратче од декември 1960 година. Економија Индустрија Постоечките претпријатија во Демјанск служат индустрија за дрво и храна. Транспорт Демјанск се наоѓа на патот што ги поврзува Јазелбитси и Стараја Руса. Постојат и локални патишта. Има сообраќај со автобуси со потекло од Демјанск.
Култура и рекреација Демјанск содржи тринаесет објекти класифицирани како културно и историско наследство од локално значење. Тука спаѓаат голем број згради од поранешниот центар на ујездите пред 1917 година, вклучувајќи затвор, археолошки споменик и голем број гробници на војници паднати во Втората светска војна.
Демјанск е домаќин на Демјанскиот Окружен Музеј. Население Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 5 536 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2014 година градот имал 4 859 жители. +Движење на бројот на жителите1939 година1959 година1970 година1979 година1989 година2002 година2010 година2014 година2 4413 7524 3195 1585 9995 8255 3654 859
Поврзано
Новгородска област Демјански реон Јавоњ
Користена литература
Надворешни врски
Хералдичка историја на населбата
Категорија:Населени места во Русија