Сеизмичноста - мерка што опфаќа појави на земјотрес, механизми и големина на дадена географска местоположба. Како такво, таа ја сумира сеизмичката активност на регионот. Терминот бил измислен од Бено Гутенберг и Чарлс Франсис Рихтер во 1941 година. Сеизмичноста ја изучуваат геофизичари.

Пресметка на сеизмичност Сеизмичноста се пресметува квантитативно. Општо, регионот што се изучува е поделен на подеднакво големи области дефинирани со географска ширина и должина, а внатрешноста на Земјата е поделена на различни интервали на длабочина заради слоевитоста на Земјата: До 50 км длабочина, 50-300 км, и повеќе од 300 км.

Вообичаената формула за пресметување на сеизмичноста е:

каде

: е енергијата на еден сеизмички настан (т.е. земјотрес); : интервал на географска ширина; : интервал на должина : интервал на хипоцентарот ; : интервал од времето на сеизмичкиот настан. Резултатот е сеизмичност како енергија по кубна единица.

Поврзано

Скала на моментна магнутуда Тектоника на плочи Сеизмологија Вадатиово-Бениофова зона

Наводи

Категорија:Сеизмолошко мерење