Пивофест — пивски фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на Општина Прилеп и стопанските субјекти од градот.
Фестивалот е од отворен тип, се одржува во центарот на градот. Учество земаат познати производители на пиво и локални угостители. Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Фестивалот е познат по добрата забава, скара и ладното пиво и секако масовната посетеност. Историја Настанот е туристичка манифестација која што има 17 годишна традиција во Прилеп. Оваа ревија на врвни пива и специјалитети на скара, дополнета со фонот на избрани музички брендови на Балканот, е туристичка атракција, која што предизвикува интерес и кај љубителите на овој тип забави не само од Македонија, туку и пошироко на Балканот. Последните неколку години почетокот на фестивалот коинцидира со верскиот празник „Петровден“, а манифестацијата трае 4 дена. Има извонредна посетеност
.
Фестивалот има стекнато традиција, и на туристичката карта на Прилеп има едно од најважните места. На фестивалот гостуваат екстрадни ѕвезди од регионот. Во 2009 главен гостин била хрватската пејачка Северина.Завршува „Пиво Фест“, вчера настапи Северина, А1 телевизија, 19 јули 2009 Во 2010 била Светлана Ражнатовиќ-Цеца, во 2011 Здравко Чолиќ, во 2012 Лепа Брена, во 2013 Горан Бреговиќ, во 2014 Жељко Самарџиќ, во 2015 Дино Мерлин. И многу други познати музичари како Жељко Јоксимовиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Халид Бешлиќ, Љубиша Стојановиќ - Луис, Харис Џиновиќ, Данијела Мартиновиќ, Емина Јаховиќ, Тони Цетински, Јелена Розга, Тијана Дапчевиќ,Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан, Саша Ковачевиќ и многу други.
Во 2007 година На фестивалската забава учествувале над 350.000 посетители од Македонија и странство кои испиле околу 250 тони пиво и изеле околу 60 тони скара* Рекордна посетеност на „Пиво фест“, Утрински Весник, 21 јули 2009. На двете бини во центарот на градот настапиле 30-ина музички имиња и од забавната и од народната естрада. На 15-те штанда на шесте пиварници и десетте скараџии немало слободно место. Имало организирани посети од Грција и од Бугарија, а имало туристи и од Кина.
Период 2009 — 2016 година
Година Дати Посетеност Изведувачи200916-19 јули200.000Северина Вучковиќ, Љубиша Стојановиќ - Луис, Ван Гог, Електирчни Оргазам.201015-18 јули320.000Светлана Ражнатовиќ-Цеца, Гуча Оркестар, Даниела Враниќ.201114-17 јули340.000Здравко Чолиќ, Харис Џиновиќ.201214-17 јули400.000Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Мирослав Илиќ, Петар Грашо, Џеј Рамадановски.201318-21 јули300.000-400.000Горан Бреговиќ, Халид Бешлиќ, Данијела Мартиновиќ, 2Cellos, Inna201417-20 јули300.000-400.000Жељко Самарџиќ, Јелена Розга, Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Маид Хечимовиќ,Тијана Дапчевиќ201516-19 јули300.000-400.000Прљаво Казалиште, Дино Мерлин, Оливер Драгојевиќ, Неда Украден, Гоца Тржан,Саша Ковачевиќ201614-17 јули300.000-400.000Тропико Бенд, Аца Лукас, Рада Манојловиќ, Каролина Гочева, Парни Ваљак, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ
Галерија
Наводи
Поврзано Пивски фестивал Октоберфест, прочуен германски пивски фестивал
Надворешни врски
Пиво фест Кригла Пиво
Категорија:Култура на Прилеп Категорија:Пивски фестивали